Известување
Се известуваат граѓаните кои биле странки во предметите кои се водеа во канцеларијата на извршител Александар Тасевски од Скопје дека извршител Ивана Нешовска со Решение бр.09-1957/1 од 07.07.2021 година на Министер за правда на РСМ е именуван за подрачје на Основен граѓански суд Скопје и Основен кривичен суд Скопје, за извршител кој ќе ги преземе предметите и евиденцијата која ја водел извршителот Александар Тасевски од Скопје, чија должност престана. На ден 16.09.2021 година извршител Ивана Нешовска презеде дел од предметите, односно 111 (сто и единаесет) предмети од поранешниот извршител Александар Тасевски како и електронска евиденција. Канцеларијата на извршител Ивана Нешовска е со седиште на ул. Никола Вапцаров бр.7/1-15, Скопје.